Костовски: Дали Муцунски е закана за кариерата на Мицкоски или нов лидер на партијата?

од Vladimir Zorba

Факт е дека судството има катастрофална доверба кај граѓаните, рече пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски во гостувањето во Канал 5. Зборувајќи за непотизмот во оваа сфера, тој кажа дека судиите мора да се соочат со институтот казнивост.

-Ако можат сите граѓани да се соочат со казнивоста, тогаш мора и судиите. Ние немаме чуено судија или обвинител да ја напушти државата, тие се гетоизирани. Чекам листа со одговори како дошло до оваа селекција на кандидати, рече Костовски.

Тој очекува казнивоста да има повисок степен, односно тие да не бидат казнувани единствено од Сдускиот совет. Костовски се осврна и на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за темата.

-Го прочитав соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Дали имаше некаква порака кон Тимчо Муцунски чија сопруга е исто така меѓу избраните кандидати. Дали е Муцунски закана за кариерата на Христијан Мицкоски или нов лидер?, праша Костовски.

Слични содржини