Костовски до Ковачки: Ние сме дел од НАТО, вие сте заглавени со Ванчо Михајлов

од Nikola Popovski

Откако во ВМРО-ДПМНЕ станавте медари и се скаравте околу медот кој чини прилично многу, околу 136 милиони евра, вам ви падна улогата да ја манипулирате јавноста за премиерот Ковачевски, да дефокусирате, а при тоа да браните нешто што не се брани, порача пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски на денешната собраниска седница, во реплика кон пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

„Зборувавте за предавство, но некакви купопродажни договори постојат само во вашите глави. Македонецот денеска е горд, македонскиот јазик се изучува секаде во Европа. Се изучува во Грција а од вчера се отвори можност да се изучува и во Италија. Ние сме дел од НАТО, ќе станеме дел од ЕУ, меѓутоа за жал вие сте заглавени со Ванчо Михајлов чиј континуитет сте како партија“ посочи Костовски.

Костовски порача дека ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотребува собраниската седница на најгруб начин да лаже и оцрнува.

Слични содржини