Костовски: Ги нема рестрикциите на струја за кои Мицкоски лажеше дека ќе се случеле

од Nikola Popovski

2022 година е година на најголемите лаги на Христијан Мицкоски кој е под заложништво на Димитар Апасиев и Левица. Се што Мицкоски кажа во делот на енергетиката излажа и на крајот се покажа како крајно погрешно, изјави денеска на прес-конференција, пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски.

Тој вели дека Мицкоски лажеше дека не се произведувало доволно струја во државата, а со месеци целото потребно количество на електрична енергија за малите потрошувачи се добива од домашно производство.

-Со месеци Мицкоски лажеше дека цената на гасот драматично ќе се покачи и повикуваше да се набави гас за целата грејна сезона. Ако го слушавме Мицкоски и набавевме гас за целата грејна сезона сега државата ќе беше зијан од околу 100 милиони евра, затоа што Мицкоски и за тоа излажа. Денес, ги нема ниту рестрикциите за кои Мицкоски исто така лажеше дека ќе се случувале, кажа пратеникот од редовите на СДСМ.

Слични содржини