Костовски: Молам Бога Мицкоски да остане на чело на ВМРО-ДПМНЕ, сигурен сум во победа на СДСМ на изборите

од Nikola Popovski

Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски смета дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски треба да остане на чело на партијата.

-Она што значи зацврствување на пребројувањето на членовите на партијата по општинските комитети, со цел да си ја зацврсти позицијата. Го молам Бога Мицкоски да остане на чело на ВМРО-ДПМНЕ. Со Мицкоски, сум сигурен дека СДСМ во 2024 година ќе победи на изборите. Додека е тој, загарантирана е победата на СДСМ, кажа Костовски.

Во врска со предлозите на Мицкоски за ублажување на енергетската криза, Костовски нагласи дека во време на економска и енергетска криза секој има подеднаква одговорност без разлика дали е власт или опозиција да работи во интерес на граѓаните.

Тој истакна дека со чесна и одговорна политика на владата граѓаните ќе имаат струја, парно ќе има, субвенционирана електрична енергија за домаќинството, економскиот совет се обидува со сите чинители да донесат најдобри можни решенија за стопанството.

-Она што е битно е дека Владата, кадровски и капацитетно е спремна да се справи со најтешките 5-6 месеци на човештвото на тлото на Европа по вторта светска војна и низа активности се веќе преземени од страна на владата и ресорните министерства, порача Костовски во емисијата „Топ тема“.

Слични содржини