Костовски: Неприфатлива е амнестија за 27-ми април

од Nikola Popovski

Ние сме конзистентни во нашите ставови, за нас не е прифатливo амнестија за насилници којшто влегоа на тој црн 27 април, вака изјави денеска пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски на новинарското прашање како владеачката партија го коментира фактот што пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска најавија дека ќе поднеат Ппредлог на закон за амнестија на лицата осудени за настаните од 27-ми април 2017-та година.

Според него, „лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ по којзнае кој пат повторно се покажува на дело“.

-Кога станува збор за насилници тие се први и се гласни и секогаш биле такви. Ова е уште еден еклатантен доказ дека во ВМРО-ДПМНЕ буквално ништо не е сменето. Истата матрица, истите луѓе, истите навики, истите политики, одговори Костовски.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски порача дека овој предлогот-закон го поднесуваат и е резултат на иницијативата и заедничката заложба на адвокатите Јанаки Митровски и Драган Пешевски и целата пратеничка група на најголемата опозициска партија.

-Напоменувам, со овој закон ќе бидат опфатени сите осудени лица за настаните од 27ми април, без исклучок, додаде Мицевски.

Слични содржини