Костовски: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да кажат дали и за нив Михајлов е дел од континуитетот на партијата

од Nikola Popovski

Христијан Мицкоски заложникот на Левица, лично го потврди континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ со ликот и делото на Ванчо Михајлов, истакна Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

„Самиот Мицкоски потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ е континуитет на луѓе кои што биле извршители на Третиот Рајх, кои го негираат македонскиот идентитет, дека ова партија е идеолошки поклоник на фашизмот. Затоа и воопшто не чуди што основачите на бугарските клубови со фотографирани со Мицкоски, затоа што Михајлов е дел од континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ“, вели пратеникот од редовите на СДСМ.

Тој прашува дали ваквиот став го делат и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ?

„Што на ова ќе каже Рашела Мизрахи на ваквото скандалозно признание на Мицкоски? Што ќе кажат колегите од ВМРО-ДПМНЕ кои доаѓаат од Градот – Херој, Прилеп и оние од револуционерно Куманово што Мицкоски бара да се почитува лик кој бил извршител на фашизмот? Уште еднаш Мицкоски покажува дека е слаб, очаен, обичен послушник на Никола Груевски кој работи единствено на штета на државните и националните интереси“, додава Костовски.

Слични содржини