Костовски: Има врска меѓу Русија и организацијата на протестите во земјава

од Nikola Popovski

Најголемиот дел од граѓаните јавно зборуваат дека веќе има сериозни влијанија од некои центри моќ кои не и мислат добро на земјава. Ги поддржуваме протестите, тоа е најголемиот демократски чин да се изрази незадоволство и поинаков став. Но треба да се почитува функцијата полицаец, треба да се демонстрира мирно и демократски, рече пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски околу протестите против францускиот предлог-преговарачката рамка на С. Македонија со ЕУ.

Според него, има врска меѓу Руската федерација и организацијата на протестите во земјава.

-Дали е продуцирано или е поткрепено од Русија, тоа е покажано и со иконографија на митингот на ВМРО-ДПМНЕ, после тоа колегата Апасиев многу пати ни дава примери дека има и други алтернативи на ЕУ. Многу пати покажал дека е со анти-НАТО и анти-ЕУ перспективи. Ние имаме јасен став и визија дека од независноста го чекориме вистинскиот пат. Дел сме од НАТО и на пат сме да почнеме преговори со ЕУ, додаде Костовски во емисијата „Само вистина“.

Слични содржини