Костовски: Секој Македонец е ВМРО, но ниту еден не дава поддршка на ДПМНЕ

од Nikola Popovski

Секој Македонец во државата е ВМРО, но ниту еден не дава поддршка на ДПМНЕ. Суштината на ова наше предлог-законско решение е ВМРО да се одлучи дали е континутитет на Ванчо Михајлов или се откажува од него. Тоа име е контроврзна личност, кој еден временски период бил во раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Кога ќе го погледнете зборот обележја, се мисли на грбот на ВМРО-ДПМНЕ. Под лавчето стои 1893-1990. Ванчо Михајлов во овој период бил раководство на ВМРО, изјави пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски во емисијата „Топ тема“.

Тој прашува „дали најголемата опозициска партија ќе се огради од Михајлов, бидејќи се против отворање на клубови со вакви имиња“.

Власта и опозицијата се обединија околу потребата да се ограничи регистрацијата на спорни бугарски здруженија и фондации во земјата, но меѓусебно се обвинуваат и не можат да се усогласат околу сосема исто законско решение коешто би важело и за политичките партии.

Слични содржини