Костовски за затворањето на Еуростандард банка: Ова е двојна игра на НБМ

од Nikola Popovski

Бизнисменот Трифун Костовски, сопственикот на Еуростандард банка, за порталот „Фактор“ изјавил дека затворањето на банката е двојна игра од страна на Народна банка на Македонија.

Тој за во петок најавува пресконференција на која до јавноста ќе се обратат акционерите на банката.

„Народна банка цела година не држеше под строги мерки и не ни дозволуваше да работиме и да заработиме. Како можеме да ја подобриме состојбата на банката кога Народна банка цела година не држи под строги мерки. Ако не можеш да работиш, не можеш ниту да заработиш за да ја подобриш состојбата. Ако веќе беа решени да не затворат, тоа требаше да го направат уште пред една година, а не за овој период уште дополнително да заглавиме со 15 милиони евра, вели Костовски.

Попладневно, Народната банка соопшти дека постапувајќи согласно со Законот за банките, ја укинува дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје. Укинувањето на дозволата се должи на неисполнување на минимални законски услови за работење на банка.

Слични содржини