Коцевски: Инвестираме во Велес, но и во околните села, бидејќи градиме едно општество за сите

од Aleksandar Todeski

Кога ја преземав функцијата градоначалник на Велес, општината имаше долг од 3,4 ,милиони евра долг, создадени со незаконско работење на претходната власт истакна градоначалникот на Велес Аце Коцевски на граѓанската трибина на СДСМ под мотото „На прав пат“.

Тој рече дека со заштеди со намалување на рошоците за репрезентација за 12,5 пати, трошоците за службени патувања за 2 пати, и за гориво за 1,7 пати општината успева да ги враќа долговите, но и да инвестира во инфраструктурата и во капиталните проекти.

„Успеавме да реализираме  13 поголеми проекти во вредност од 2,5 милоини евра и тоа за проектот за туристички развој на езерото Младост, подобрување на животот на ромските заедници, комунални проекти, околу милион евра за проекти за патишта, чија изградба е во тек“, рече Коцевски.

Тој додаде дека Велес е првиот град, кој донел стратегија за развој како паметен град и одржлива урбана мобилност, по примерот на големите развиени градови.

„Инвестираме во градот но и во околните села, бидејќи ние градиме едно општество за сите и секој заслужува еднакви услови за живот, истакна Коцевски, најавувајќи дека наскоро ќе започне реконструкција на градскиот пазар и изградба на првата катна гаража во градот. На вистинскиот пат сме да го задржиме овој курс, кој води напред и убеден сум дека на 12 април нашата држава ќе до продолжи правиот пат“, заклучи градоначалникот на Велес Аце Коцевски на граѓанската трибина на СДСМ под мотото „На прав пат“.

Слични содржини