Коцевски: Нема потреба од паника, заразениот пациент со делта сојот е хоспитализиран во карантин

од Берта Китинска

Нема потреба од паника и вознемиреност, вели градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски откако завчера беше соопштено дека граѓанин на Велес е заразен со делта сојот на Ковид – 19.

-По враќањето од Англија не бил во контакт со други лица освен со својата сопруга која засега не покажувала никакви симптоми на вирусот.Во болницата е хоспитализиран во карантин, во посебно одделение за да нема контакт со другите пациенти и е во добра здравствена состојба, информира  Коцевски.

Тој  им порача на граѓаните  да не заборават и понатаму да ги почитуваат препораките од Комисијата за заштита од заразни болести и ги повика сите кои досега не се вакцинирале, да се вакцинираат во пунктот во Велес.

Слични содржини