Коцијанчич: Итно да се укинат мерките на Приштина

од desk2

Ставот на ЕУ за царините воведени од Приштина на увозот на српските производи „и понатаму е јасен и повторно ја нагласуваме итноста за укинување на тие мерки“, изјави портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич.


Таа додаде дека „сите потези и изјави, кои се спротивни со општите и стратешки интереси на регионот, мора да се отстранат“.

Коцијанчич одговори на изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека е важно меѓународната заедница и Европа да соопштат дали наскоро ќе бидат укинати косовските такси за српските производи и дали ќе продолжи дијалогот, со цел тој да зане дали во Србија да се организираат вонредни избори или не.
Портпаролката на ЕК нагласи дека „ЕУ очекува Србија и Косово брзо да ги исполнат преземените обврски во дијалогот, имајќи ја предвид директната врска меѓу целосната нормализација на нивните односи и можноста за исполнување на нивните тежнеења во однос на Унијата“.

Слични содржини