Коциќ: Ја зголемивме минималната плата за 100 отсто за само 4,5 години

од Nikola Popovski

ВМРО-ДПМНЕ претходно се противеше на раст на минималната плата, нејзини функционери велеа дека ќе колабира македонската економија ако минималната плата се покачи, а денес кога покачувањето на минималната плата на 18.000 денари е реалност, оваа партија го поддржува растот на платите, истакна пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ на денешната собраниска седница.

Коциќ оцени дека пред неколку години Северна Македонија имала најниска минимална плата во регионот, а сега со новото зголемување, минималната плата во Северна Македонија ќе биде повисока отколку минималната плата во некои држави во регионот.

„Факт е дека минималната плата ја зголемивме за 100 отсто за само 4,5 години. Факт е дека сега за да се наполни минималната синдикална кошничка потребни се две минимални плати, додека во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ беа потребни речиси четири минимални плати“, оцени Коциќ, додавајќи дека во изминативе години во континуитет бележиме раст на платите во сите сектори како што се здравството, образованието, полицијата, што доведе до сериозен раст и на просечната плата.

Слични содржини