Коциќ: Како со коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ шири страв кај граѓаните за мајмунските сипаници

од Vladimir Zorba
170 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ покажуваат целосно непознавање на здраствената политика којашто се води во државата, но и непознавање на инфектологијата и епидемиологијата како дел од здравствената медицина и покажуваат непознавање и непочитување на стручните и професионалните тела како што е Комисијата за заштита од заразни болести. Познато ни е што правеа за време на корона кризата и повторно истото се повторува, двојните стандарди на партијата ВМРО-ДПМНЕ, вели во одговор на новинарско прашање Ненад Коциќ, пратеник од редовите на СДСМ во врска со обвинувањата на опозицијата.

„Кога за време на корона кризата предложивме задолжителна вакцинација на граѓаните кои беа директно изложени на повеќе контакти, тие тогаш беа против ова бидејќи се загрозувале човековите права, сега двојниот стандард е во тоа што бараат насилно и принудно да се изврши тестирање на пациент суспектен на мајмунски сипаници. За среќа доброволно се изврши тестирање на пациентот и негативен е тестот меѓутоа останува фактот дека единствено со што се занимава ВМРО-ДПМНЕ е ширење на дезинформации и паника. Ние како СДСМ и Владата што ја предводи нашата коалиција ќе продолжиме да ги почитуваме професионалните ставови на Комисијата за заразни болести и стручните професионалци во неа со цел да ги заштитиме колективното и лично здравје“, додаде тој.

Слични содржини