Коциќ: Приоритет ми е Велес да биде град без отпад

од Nikola Popovski

Мојот приоритет е Велес да биде град без отпад. Тоа е една од моите активности што ја обавувам во изминативе 30 години, подигање на јавнната свест околу заштитата на животната средина, рече Ненад Коциќ, кандидатот за градоначалник на Велес од СДСМ, во емисијата „24 анализа“.

Според него, ако се направи споредба од минатиот период, ситуацијата е сега различна.

-Тогаш немавме фукционален каммион за собирање на ѓубрето. Денеска се набавени десетина половни камиони за чистење и поставени за 30 подземни контејнери и се куепн и метларки по урнек на оние во Вашингтон и зголемен е број на вработените, вели Коциќ.

На забелеките од страна на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за состојбата со ЈКП Дервент, Коциќ одговори дека ова комунално претпријатие не било никогаш во подобра состојба, од тоа каква е сега. Оваа локална власт на СДСМ им ги плати заостанатите сметки на „Дервент“ кои ВМРО-ДПМНЕ ги немаше платено за три години наназад.

Што се однесува до забелешките дека комуналното претпријатие не го собира редовно сметот од контејнерите по улиците, Коциќ укажа дека планира вработување на комунални инспектори кои ќе биат задолжени да ја следат сотојбата со сметот низ целиот град во две смени.

Слични содржини