Коциќ: Собранието да покаже одговорност во однос на заклучоците околу информацијата за европскиот предлог

од Берта Китинска

Пратеникот на СДСМ, Ненад Коциќ, на прес-конференција објави дека пратениците од сите политички партии имаат одговорност да работат за граѓаните, а не за нечии туѓи интереси, и да обезбедат европска иднина на државата.

„Сите политички партии, сите пратеници во Собранието треба да покажат одговорност, државност, да придонесат со дијалог, конструктивност во носењето на конечната одлука. СДСМ како државотворна партија има заклучоци кои гарантираат доследно придржување кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ. Како елементи за кои не се преговара во било кое време и околности, односно не се дел од преговарачкиот процес“, рече Коциќ.

Тој порача дека треба да се постапува целосно во согласност со стратешките определби на земјата за интеграција и полноправно членство во Европската Унија со исклучување на билатерални историски и образовни елементи во рамката. Секако, рече Коциќ, се што ќе се усвои треба да биде во рамки на црвените линии дефинирани во Резолуцијата што пратениците со консензус ја усвоија.

Слични содржини