Коциќ: Теориите на заговор за вакцините се на штета на граѓаните (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

„Бројот на нови случаи со заразени од ковид 19 во последните денови забрзано расте, инфективните оделенија се полнат“, вели денеска Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ.

„Вкупно се аплицирани над 1 милион доци, а ревакцинирани над 500.000 граѓани од кои само 0.002% се заразиле, што укажува на тоа дека вакцините се безбедни и ефикасни.

Вакцинацијата е клучна за да спречиме натамошно ширење на вирусот. Смртноста демне како опасност само кај невакцинираните. Апелираме и ги повикуваме граѓаните коишто досега не го сториле тоа да одат во најблискиот пункт и да се вакцинираат“, истакнува тој.

Слични содржини