Коциќ: Зад срамните протести стојат ВМРО-ДПМНЕ и Левица

од Берта Китинска

СДСМ најостро ги осудува вчерашните протести, пораките, говорот на омраза, навредите кон докторите, медицинскиот персонал, но и новинарите и адвокатите.Докторите и медицинскиот персонал кои неуморно се во првите линии во одбрана од корона вирусот се нашите херои кои заслужуваат длабока почит и благодарност. Медиумите и новинарите имаат клучна улога во навремено информирање на граѓаните и недозволиво е да се напаѓаат, вели Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ.

Тој напомена дека срамниот настан, самиот протест претставува загрозување на здравјето на граѓаните.

-Протестот е уставно загарантирано право, но исто такво е и правото на здравје.Здравјето на човекот е над се!Организацијата на протестите во повеќе градови, иконографијата идентична со опозициските митинзи, политичките пораки против актуелни министри како и евидентно присутните членови и симпатизери на две политички партии покажуваат дека зад овие протести стојат ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Секако поддржани од Бојкотирам.

Токму ВМРО-ДПМНЕ и Левица, беа против новите мерките за заштита на здравјето и за цело време од пандемијата делуваат спротивно на препораките, поттикнувајќи непочитување на мерките, вели Коциќ.

Според пратеникот овој начин на делување на ВМРО-ДПМНЕ и Левица се сериозна опасност по здравјето на граѓаните.

-Лажните информации со кои некој упорно сака да ве одврати од вакцинацијата се на ваша директна штета, на штета на вашето здравје и на штета на здравјето на оние околу вас.Масовната вакцинација е единствен начин за да се заштитите, да го заштитите вашето но и јавното здравје, вели Коциќ.

 

Слични содржини