Коциќ: Згурата постојан врши загадување на почвите во Велес

од Берта Китинска

Ненад Коциќ од Советничката група на СДСМ, вели дека потребно е да се искористи сочевата енергија вретерната енргеија без нарашување на еко системот.

-Со сите сили треба да вложиме во користењето на сончевата енергија, ветерната и хидроцентралите без нарушување на еко системот. Ние пред неколку години направивме анализа и испитување на почвата во Велес и видовме фрапантни резултати како оловото кое беше над 30 пати над дозволеното. Првите анализи ги направивме откако посадивме неколку растенија и видовме дека во репката има тешки метали .Меѓутоа по еден година сфативме дека ова на различни места се шири и згурата постојано врши загадување на почвата. Се додека не се отстрани таа ќе биде потенцијален загадувачот во градот, вели Коциќ во Топ тема на Телма.

Слични содржини