Коциќ: Желба на ВМРО-ДПМНЕ да исценира инцидент во Собранието

од Берта Китинска

Пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ, во емисијата „Патот кон…“ на Алсат во врска со последните случувања во Собранието, вклучително и иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за интерпелација против Талат Џафери, рече дека пратениците на ВМРО сакаат да инсценираат инцидент и да се појават како жртви, но според него, такво нешто е многу јасно и видливо дури и во јавноста, пренесува Алсат.

„Во Собранието на Македонија има Деловник за работа и таа регулатива важи за сите без разлика дали ни се допаѓа или не, сите мора да се придржуваме до овој Деловник. Ова што се случува во моментов е желба на ВМРО-ДПМНЕ да исценира инцидент во Собранието и мислам дека се надеваат дека ќе се случи нешто како 24 декември кога пратениците на СДСМ беа исфрлени од Собранието како празни куфери. Господинот Џафери им порача дека такво нешто не е дозволено. Јасно се гледа намерата на пратениците да предизвикаат физички контакт… Ова сценарио што тие го подготвија и преку кое сакаат да се појават како жртви е многу видливо и јасно за целата јавност“, изјави Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ.

Слични содржини