Ковачесвки: Развиени општини значат силна економија

од Берта Китинска

Развиени општини значат силна економија.Во таа насока уште во 2018 година со 50 милиони евра им се помогна на општините да сервисираат 50% од својот долг, со цел да се ослободи развојниот потенцијал на општините кој со години се таложеше во долгови и блокирани сметки, порача денеска премиерот Димитар Ковачесвки пред настанот по повод 50 години од постоењето на ЗЕЛС.

-Инфраструктурните проекти за општините се од големо значење, затоа Владата со ТАВ програмата реализира инфраструктурни проекти низ целата држава, во скоро сите општини.Поточно, се реализираат 94 инфраструктурни проекти кои се директно насочени кон потребите на граѓаните со вкупна вредност од 49,7 милиони евра.Дел од проектите се завршени, дел се во завршна фаза и треба да бидат реализирани во 2022 година, а крајниот рок за завршување на сите проекти е 2023 година.Тоа се реални проекти кои Владата ги реализира за секојдневните, реални потреби за граѓаните, како уредување на водоводни мрежи, речни корита, училишни згради, младински центри, патишта за поврзување, домови на култура и ред други инфраструктурни проекти поддржани и промовирани од градоначалниците на сите општини, кажа премиерот.

Тој посочи дека со проектот „ЕУ за општините” со кој претседава министерот за локална самоуправа, во наредните три години во општините Велес, Радовиш, Тетово, Аеродром, Врапчиште, Охрид, Струмица и градот Скопје ќе се реализираат големи иновативни проекти во вкупна вредност од 5,5 милиони евра.

Слични содржини