Ковачев: Бугарија нема да се согласи во ЕУ да влезе држава со фалсификувана историја

од Vladimir Zorba

„Рамковната позиција на Бугарија и Декларацијата на бугарскиот парламент одамна се познати. Со бугарската бна позиција веќе со децении се запознати сите македонски политичари и оние што биле на власт и во опозиција. Сум имал средби и со Груевски и со Мицкоски и со Заев, апсолутно со сите и тие многу добро знаат која е бугарската позиција. Да, треба да има напредок. Бугарија нема како да се согласи во ЕУ да влезе држава која својата национална доктрина или идеологија ја темелела на фалсификувана историја“, вели бугарскиот европратеник Андреј Ковачев во интервју за „360 степени“.

Тој додава дека македонскиот идентитет, македонскиот јазик нема да загуби ништо, ниту уважувањето на Северна Македонија ќе биде помало „ако таа ја прифати вистината“.

Слични содржини