Ковачев: Со вакво однесување, С.Македонија нема да почне преговори со ЕУ

од Vladimir Zorba

Бугарија постојано покажува добра волја кон Република Северна Македонија, но и покрај тоа Скопје користи говор на омраза против нашата земја, институционализиран во учебниците и медиумите, кои Бугарите ги нарекуваат „Татари“ и „фашисти“. Со своето сегашно однесување, РСМ не може да ги започне преговорите за пристапување во ЕУ без јасен патоказ, кој мора да биде дел од заеднички договорената рамка за преговори со ЕУ.

Ваков став изрази бугарскиот европратеник Андреј Ковачев во писмо до шведскиот политичар Карл Билт, копретседавач на Европскиот совет за надворешни односи, кој ја обвини Бугарија дека ја уценува Република Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ „поради причини, кои се далеку во историјата“.

Билд ја прекори Бугарија во напис за Балканот, објавен во „Project Syndicat“.

Во својот одговор за „Билд“, бугарскиот европратеник потсети дека повеќе од 130.000 граѓани на РСМ добиле бугарско државјанство врз основа на потекло, но нивното постоење е целосно игнорирано од Скопје.

Тој го повика шведскиот политичар да се приклучи на напорите за вистинско европско помирување и да ги „отфрли бруталните злосторства и лаги против Бугарија, кои се дел од комунистичкото наследство“.

Слични содржини