Ковачевски: Јас сум човек кој работи и ветеното го остварува, колку и да биде тешко

од Vladimir Zorba

Кога пред 10 месеци ја презедов одговорноста на премиерската позиција отворено кажав пред сите: нашата цел е да обезбедиме сигурност, услови за подобар живот, економски раст, европска и просперитетна иднина за нашите граѓани, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ што се одржа во Велес.

– Знаев дека нема да биде лесно, но, јас сум човек кој работи и ветеното го оставрува. Кога ќе кажам – да ги спроведеме неопходните промени и реформи колку тие да биле тешки-тоа и ќе го направам! Како ниедна друга Влада се соочивме со предизивици од огромни, глобални размери предизвикани од најголемиот геостратешки судир по Втората светска војна, истакна Ковачевски.

Претседателот Ковачевски порача дека денес, десет месеци подоцна резултатите од преземеното се видливи.

– Веднаш по светската здравствена криза, се случи економска и енергетска криза кои зададоа силен удар на секое општество, врз секоја економија во светот. Сите ги паметите вестите од тој период, кога не се знаеше дали ќе има храна, леб, брашно, масло, кога не се знаеше дали ќе има струја, нафта, греење.Периодот од 22 години, кое го поминав како менаџер во приватен сектор ме научија дека не постои „тоа е невозможно да се сработи“. Со работа, со знаење и посветеност докажав дека невозможно не постои во визијата, плановите и работењето на оваа Влада и партија. И после 10 месеци можеме да кажеме дека успеавме, со антикризните мерки ја спасивме македонската економија, го заштитивме стандардот, има доволно храна, енергија, струја, парно, рече претседателот Ковачевски пред граѓаните во Велес.

Слични содржини