Ковачевски – Агелер: Потврда на стратешкото партнерство со САД и силна поддршка за евроинтеграциите

од Destan Jonuzi

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со новата амбасадорка на САД во земјава, Анџела Прајс Агелер.

Премиерот Ковачевски посака добредојде на американската амбасадорка Агелер, изразувајќи уверување за успешен мандат, како и натамошен развој на големото пријателство помеѓу Северна Македонија и САД.

На состанокот е потврдено значајното стратешко партнерство помеѓу Северна Македонија и САД, со јасна порака дека во Соединетите Американски Држави имаме искрен партнер и пријател.

Изразена е силна поддршка за евроинтеграциите на Република Северна Македонија, со коишто обезбедуваат подобар живот за граѓаните во својата држава.

Во таа насока, разговарано е за значењето на натамошниот напредок на евроинтеграцискиот процес.

Исто така, посочено е и на важноста од регионалниот развој, преку добрососедската соработка, посебно за економијата, каков што пример е соработката на државите во рамки на иницијативата Отворен Балкан.

Премиерот Ковачевски се заблагодари за големата, јасна и видлива поддршка што ја има нашата држава од Соединетите Американски Држави.

„Република Северна Македонија е партнер од доверба во НАТО, а веруваме дека натамошната поддршка од САД за сите важни процеси ќе продолжи и ќе се интензивира”, рече премиерот Ковачевски.

Претседателот на Владата, Ковачевски посочи дека Владата посветено работи да обезбеди европска иднина на граѓаните и на државата, но е и цврсто фокусирана кон справувањето со последиците од економската и енергетската криза, дека во рамки на најновиот сет антикризни мерки се обезбедува поддршка за најранливите категории граѓани, како и дека енергетската криза се менаџира преку државна поддршка за граѓаните и компаниите.

На состанокот е разговарано и за определбите на Владата за владеење на право и справувањето со корупцијата како важни за граѓаните, но и за компаниите, во контекст на определбите на инвеститорите да вложуваат во држави каде што има правна сигурност.

Слични содржини