Ковачевски: Ако ЕСМ продаваше струја за граѓаните по пазарна ценa, поскапувањето ќе беше 150 отсто

од Берта Китинска

Ако АД ЕСМ ја продаваше електричната енергија за граѓаните по пазарна цена, поскапувањето ќе беше 150%, изјави денеска генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски.

Ковачевски апелираше на поодговорни изјави од опозицијата и некои експерти кои даваат контрадикторни ставови и ја збунуваат јавноста.

-Треба да заземат став: дали ЕСМ треба да работи пазарно и да ја продава електричната енергија на ЕВН Хоме по пазарна цена, значи по 300e/MWh, и во 2022 да има профит од 190 милиони евра, а поскапувањето за граѓаните да биде 150%, или треба да ја продава по 48e/MWh, поскапувањето да биде минимално, 7-8%, а државата да му помогне на ЕСМ со прераспределба на средства од буџетот да може да ги покрие трошоците за работа?

Се создава конфузија, различни субјекти се обидуваа да најават големи поскапувања, сега критикуваат што нема поскапување, едноставно е неодговорно и несериозно да бидеме сведоци на тоа, истакна директорот на ЕСМ, Ковачевски.

Слични содржини