Ковачевски: Ако треба и до Нов Зеланд ќе бараме луѓе со исти вредности, за да ѝ помогнеме на државата

од Nikola Popovski

Кандидатот за лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва информираше дека доколку стане претседател на партијата, ќе го врати на функција во партијата, поранешниот советник на Заев и поранешен директор на УБК, Миле Зечевиќ.

-Ќе биде вклучен во реорганизација на партијата и враќањето на членовите, изјави Ковачевски во гостувањето на емисијата „24 анализа“.

Тој уште еднаш потенцира дека „ќе направи сѐ за да ги консолидира редовите, за да најде луѓе, надвор од партијата, кои делат исти вредности“.

-Од Скопје до Лондон, ако треба и до Нов Зеланд, за да ги вклучиме, со нивното знаење стекнато низ светот, да го пренесат во СДСМ, а потоа ние да го процесуираме во унапредувањето на процесите во државата, истакнува Ковачевски.

Слични содржини