Ковачевски: Дел од законските решенија за борба против корупцијата се блокирани од опозицијата

од Vladimir Zorba

Владата треба да обезбеди услови за независно и ефикасно судство и обвинителство, истакна премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање околу тимот за санкции на САД во гостувањето во ТВ24.

-Она што Владата го прави е да изгласа буџет кој потоа е управуван од страна на судството и обвинителството. Второ владата подготвува законски решенија кои се усогласени со ЕУ и тоа го правиме. Дел од тие законски решенија се донесени, меѓутоа дел од тие решенија не се донесени бидејќи се блокирани од опозицијата. Потоа, јас секогаш кажувам и ќе продолжам да кажувам дека судството и обвинителството мора да работат независно од било какви политички и бизнис интереси. И на крај јас никогаш не ги генерализирам сите, дека нешто а се не чини, и дека нешто се чини доколку е составено од поединци туку секогаш треба да се унапредува во секој систем, тука мислам и на правосудниот систем, тоа унапредување да се прави преку органите кои што ги има, идентификување на оние кои што се добри, идентификување на оние кои што треба да се унапредат. Меѓутоа и идентификување на оние кои што може не ја извршуваат работата на начин на кој што треба да ја извршуваат. Одредени случаи кои што вие ги набројувате сепак прашања единствено можат да бидат доставени до институциите кои што работат со нив, а тоа се правосудните органи во однос на стартапот на било кој случај кој е во нивна надлежност, кажа премиерот.

Според него правната сигурност во нашата држава се унапредува од година во година.

-Ние сме држава која што паметите пред само 6 години беше заробена држава, а денес сме демократија во друштвото на демократските земји. Ако ги погледнете извештаите на Транспаренси интернешанал ние секоја година напредуваме на скалата на борбата со корупцијата, и оваа година имаме напредувано исто така на таа скала во рамки на борбата со корупцијата, нагласи Ковачевски.

Тој додаде дека само минатата година МВР има идентификувано 164 случаи на корупција во кои што се вклучени поединци или правни лица и кои што потоа се процесуирани.

-Исто ако ги погледнеме бројките стапката на криминалитет во текот на 2022 година е намалена 33% во однос на претходната година, а во овие први два месеци од оваа година бележиме намалување за дополнителни 33%. Она што на нас ни треба е унапредување постојано на секој систем и јас затоа сум еден од најголемите поборници за членство во ЕУ, бидејќи еден од клучните критериуми за влегување во ЕУ е кластер Основи во кој што влегува и владеењето на правото кој што ќе ги каже точно и ќе ги детектира сите оние области во кои што треба да се унапреди во нашата држава владеењето на правото, правосудниот систем, обвинителскиот систем и други институции кои што се во надлежност на Владата со цел да имаме општество кое што ќе биде на исто ниво со оние општества со кои што се компарираме, односно со оние држави кои што се членки на ЕУ. Тој извештај од скринингот бидејќи скринингот на крај завршува со критериуми кои што се прават врз онсова на она што државата треба да го исполни со цел да го донесе нивото на своето општество во сите области на ниво на функционирање на членка на ЕУ. Тоа ќе не унапреди како процес и затоа постојано велам дека во тој процес треба да учествуваат сите, не само партиите кои се во власта, туку и опозициските партии кои што беа поканети да бидат дел од преговарачките тимови кои што учествуваа во скринингот бидејќи на тој начин ќе може целото општество да го даде својот придонес во учеството на неговото унапредување, заклучи Ковачевски.

Слични содржини