Ковачевски до Апасиев: Изнесувањето лажни обвинувања често пати се дел од паранојата и централен симптом на психозата

од Vladimir Zorba

„Изнесувањето лажни обвинувања и општа недоверба кон луѓето исто така честопати се дел од паранојата. Параноична личност може да се убеди себеси дека некоја случка била намерна иако според повеќето луѓе станува збор за несреќа или случајност. Паранојата е централен симптом на психозата“ одговори премиерот Димитар Ковачевски на пратеничко прашање на Димитар Апасиев за наводно следење на политички неистомисленици.

Тој додаде дека вообичаено параноичното размислување подразбира страв од прогон или убеденост дека има завера против самиот себеси.

Апасиев го праша премиерот дали Агенцијата за национална безбедност го користи Пегасус спајвер софтверот за следење и прислушување на политичките неистомисленици, што премиерот го негираше и го упати пратеникот од Левица сите прашања за работата на безбедносните агенции да ги упати преку Комисијата за надзор на безбедносните служби.

„За целата работа на АНБ, како пратеник можете да се информирате преку Комисијата за надзор на безбедносните служби, која ја води пратеник од опозицијата и на која се на располагање сите директори на безбедносните служби“ рече Ковачевски во својот одговор.

Слични содржини