Ковачевски до Мицкоски: Дали на домашни и странски политичари им велиш дајте ми власт и ќе го сменам Уставот?

од Nikola Popovski

Претседателот Димитар Ковачевски од трибината синоќа од Куманово упати прашање до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Дали на странските политичари кои доаѓаат во државата, вклучитечлно и на домашните политичари, на состаноците што ги има со нив им вели: “Дајте ми власт и ќе го сменам Уставот“ Нека одговори па нека чујат и странците и нашите граѓани“, истакна Ковачевски.

Ковачевски порача дека Христијан Мицкоски е упашен и нервозен, затоа постојано бара предвремени избори, затоа што како одминува времето Апасиев му ги зема гласовите а вчера и самиот Мицкоски лично го призна тоа,

„Храброст не е да седиш на страна, да се криеш зад Апасиев, да правиш штета на својата земја и да бараш предвремени избори. Храброст е да засукаш ракави, да обезбедиш струја, вода, енергија во време на најголема криза.Храброст е да обезбедиш најголем пакет антикризни мерки на Балканот додека целиот свет страда. Храброст е да се донесе Буџет со нова економска визија за економска пресвртница. Храброст е да се обезбеди македонскиот идентитет еднаш засекогаш. А најголема храброст е да се донесе тешка одлука за иднината на земјата а не да се криеш како заложник зад Апасиев, потенцираше претседателот Ковачевски вечерва во Куманово.

Слични содржини