Ковачевски: Добар прогрес во разговорите со Алијанса за влез во Влада

од Nikola Popovski

Премиерот Димитар Ковачевски денеска информира дека има добар прогрес во разговорите со Алијанса за Албанците (AA) за нивен влез во Влада. Според него, прогресот е и во програмските определби и во новите кадри.

-Исто така партијата Алтернатива е значаен партнер на Владата. Во текот на денешниот и утрешниот ден ќе има разговори и со Гаши и неговите колеги. Се надевам ќе успее да се постигне позитивен исход од тие разговори, со цел да можеме сите заедно да продолжиме кон градење на коалиција на европска Македонија, со цел влез во ЕУ до 2030 година, кажа Ковачевски на прес-конференција во Владата.

Ковачевски не смета дека имало проблем околу Царинската управа и УЈП во договорот за распределба на кадровските прашања.

-Генерално и немало проблем околу институции. Разговорите се во добар дух и атмосфера која што е насочена кон постигнување на договор, со цел државата да има мнозинство во Парламентот со единствен став за интеграцијата на Македонија, рече премиерот.

Лидерот на АА, Арбен Таравари информира дека преговорите за влез во владината коалиција се при крај и најверојатно ќе завршат до утре. Тој појаснил дека се договорени „поголемиот дел од работите“.

Слични содржини