Ковачевски: Го ублаживме растот на цените и го заштитивме стандардот на граѓаните со антикризните мерки

од Nikola Popovski

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска ја посетија фабриката за производство на месни производи „Пекабеско“.

Претседателот на Владата, Ковачевски истакна дека вакви успешни компании ѝ требаат на нашата економија, а Владата се грижи во време на голема непредвидливост наметната од економската и енергетската криза, преку антикризните мерки на компаниите да им обезбеди да ги зачуваат своите бизниси, но најважно од сé да ги зачуваат и вработените.

-Фабриката „Пекабеско“ е пример за резултатот што го даваат владините мерки, компанијата користи субвенционирано снабдување на струја и поради тоа месните производи од декември лани се намалени за 8%. Преку владина поддршка компанијата има инсталирано и соларни панели, со што  задоволува дел од потребите за струја за нивните производствени капацитети, соопштија од Владата.

-Резултат или придобивка граѓаните имаа и со другите мерки и политики кои како Влада ги донесовме минатата година. Минатата година успеавме да ја покачиме минималната плата на 18.000 денари, со покачување на пензиите, на пензионерите им обезбедуваме достоинствена старост, ги покачивме платите во образованието, во полицијата, во здравството и обезбедивме континуирано зголемување на просечната плата преку воведување на новата методологија.

Дополнително, над 760 милиони евра пари од Буџетот ги усмеривме кон граѓаните, бидејќи тоа се нивни пари. Со пакет антикризни мерки дадовме поддршка за оние категории граѓани на кои помош им е најмногу потребна, обезбедивме помош и за стопанството, никој не е изоставен, безбедно сите ја поминаа есента, а сега и зимските месеци. Со антикризните мерки обезбедивме 80% субвенционирана струја, како и евтина струја за да има непречено функционирање на виталните функции на државата.

Живееме во времиња полни со предизвици, времиња кои бараат брза адаптација и реакција. Јас сум одговорен човек, а одговорни се и министрите во Владата која ја предводам, умее и да интервенира кога и како треба, но во исто време одговорно да управува со парите на граѓаните. Мерките кои ги донесовме се од голема важност за компаниите, бидејќи за нив обезбедивме стабилност, а крајниот бенефит од тоа го имаат граѓаните, истакнал Ковачевски при посетата на „Пекабеско“.

Слични содржини