Ковачевски: Голема разлика меѓу мене и Груевски, не треба ПР-експерт за да се отиде во маркет

од Nikola Popovski

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски потенцира дека не е потребно ПР-експерт за да се отиде во маркет.

-Гледам голема разлика. Јас доаѓам третпат во различни маркети. Гледате дека јас кога доаѓам во супермаркет си купувам тоа што ми е потребно и дополнително со министерот за економија го потврдуваме она што сме го донеле како одлука дали се почитува. Втората голема разлика е тоа што ние моментално живееме во најголема економска и енергетска криза која што Европа ја имала после Втората светска војна. Оваа влада за разлика од претходни влади, кои ништо не направиле за државата и живееја во економски просперитет, овозможи просечна плата од над 34 илјади денари и ова е начинот на кој може да се види и да се информираме точно за кои производи се почитува одлуката. Не треба ПР-експерт за да дојдете во маркет. Добро е да дојдат медиумите бидејќи улогата во ваквата криза е значајна кај нив. Имаат големо ниво на информации кои што ги примаат, рече Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање која е разликата меѓу него и поранешниот премиер Никола Груевски, откако му беше прикажана фотографија како посетувал маркет и ги проверувал цените.

Ковачевски денеска заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши и директорот на ДПИ, Горан Трајковски посетија маркет, каде што проверуваа дали се почитуваат одлуките за замрзнување и намалување на цените на производите.

Слични содржини