Ковачевски: Граѓаните на Скопје ќе имаат парно на 15 октомври

од Nikola Popovski

Премиерот Димитар Ковачевски во синоќешното гостување на „КликПлус“ на ТВ21 се осврна на грижата на жителите на главниот град во однос на испораката на топлинска енергија и притоа истакна:

„Оваа година направивме се Скопје да има парно на 15-ти октомври, не беше лесно, со оглед на екстремно високата цена на гасот, меѓутоа со оглед на краткотрајното намалување на цената на гасот и договорот кој што „Макпетрол“ го има со добавувач со кој што традиционално работи, до крајот на октомври е обезбедена количина за работа на топланите.

„За понатаму се спремаат нормално две решенија, се преговара и за гас, меѓутоа и да има алтернативен енергенс кој што ќе може да се користи доколку нема гас, бидејќи кај е проблемот, проблемот е што не е само цената на гасот, меѓутоа и достапноста станува проблем, бидејќи вие знаете дека имаше практично диверзија на „Нортсрим“ гасоводот кој што ги намали испораките, потоа често пати се случува намалување на протокот на гас за западно европските држави, количината која што оди преку ТАП од Азербејџан таа се користи целата во Италија и во Грција и дел во Бугарија бидејќи тоа се договори кои што тие ги имаат над 10 години, ние правиме се да обезбедиме енергенси да работи топлификација во текот на целата зима“, рече премиерот.

Слични содржини