Ковачевски и Мицкоски утре на заедничка маса во Влада

од Nikola Popovski

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Маја Кадиевска-Војновиќ вечерва информираше дека за утре е закажана средба во Влада меѓу економскиот тим на најголемата опозициска партија и најтесниот тим на премиерот Димитар Ковачевски.

-Утре во 11 часот средба со премиерот Ковачевски. Ќе присуствува и Мицкоски со неколку од нас, кои работиме на економскава тема и целокупната ситуација. Се понудивме како партија. Критиките се едно и беа во насока на решавање на криза. Затоа ги нудиме нашите ресурси. Задоволна сум што првпат во историјата еден опозициски лидер излезе со еден издржан предлог. Утре во детали и премиерот ќе биде запознаен. Ова се тешки времиња. Населението треба да биде свесно, рече Кадиевска-Војновиќ во емисијата „24 анализа“.

Според неа, добро е што на крај е постигнат договор да се седне на маса.

Слични содржини