Ковачевски и Зечевиќ присутни на хуманитарниот ракометен спектакл во „Борис Трајковски“

од Nikola Popovski

Премиерот Димитар Ковачевски, генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ и потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев го поддржале вечерашниот хуманитарниот натпревар во ракомет, кој се одржува во салата „Борис Трајковски“.

Сите собрани средства од овој хуманитарен натпревар, од ревијален карактер, се наменети за помош и поддршка за дечињата од СОС детско село.

Натпреварот во нашата најголема спортска сала е помеѓу актуелната сениорска репрезентација и селекцијата на ветерани – најуспешната генерација во историјата на македонскиот ракомет.

Дуелот, кој ќе биде вистинска увертира за ракометниот јануари, во кој селекторот Кирил Лазаров ќе ги однесе своите избраници на СП 2023 во Краков каде не очекуваат селекциите на Холандија, Аргентина и Норвешка, започна во 19 часот.

Слични содржини