Ковачевски им посака успех на ДУИ на вечерашниот „историски митинг“

од Nikola Popovski

Премиерот Димитар Ковачевски денеска им посака посака успех на ДУИ на вечерaшната трибина на партијата во Чаир.

-Тоа се нормални активности на секоја политичка партија, како што во последниот квартал во 2022 година ги направи и нашата партија, СДСМ, кога имавме 70 трибини и кои завршија со големата трибина со над 11 илјади членови и симпатизери во СЦ „Борис Трајковски“, рече Ковачевски запрашан како го коментира собирот на ДУИ.

Министерот за политички систем и односи меѓу заедниците и член на ДУИ, Артан Груби вчера на својот Фејсбук профил го најави присуството на лидерот на партијата, Али Ахмети на митинг закажан за вечерва во Чаир.

Тој еуфорично го најави големиот митинг во Чаир, кој доаѓа по онлајн кампањата „Да, тој доаѓа“. Според него, вечерва „треба да се одржи историски митинг“.

Се претпоставува дека ДУИ вечерва и официјално ќе ја започне својата кампања за предлог за премиер Албанец, кој ќе треба да дојде на чело на Владата во последните 100 дена од мандатот, пред одржувањето на следните парламентарни избори.

Слични содржини