Ковачевски има влада напишана од Заев, кажаа од Белата палата

од Vladimir Zorba

„Легитимитетот на владата на Ковачевски од старт е изгубен. Пиунот Ковачевски беше инсталиран од страна на неговиот ментор Зоран Заев. Тој беше поставен и во партијата како поклоник на Заев, опкружен со стари и истрошени кадри, а гледаме дека беше октроиран и во владата“, велат утрово од Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев му ја преговараше, Заев му ја составуваше, Заев му ја одобри владата, а пиунот Ковачевски е само спроведувач. Затоа владата на пиунот Ковачевски е влада на заевизмот со целиот континуитет на криминалот, корупцијата и неспособноста.

Истите кадри кои ја клекнаа државата на колена, кои ја пропаднаа економијата, кои создадоа невидена енергетска криза, кои ја направија Македонија најкорумпирана држава во Европа со најсиромашен и најнесреќен народ, истите тие кадри не може да бидат решение и иднина. Ако се види дека во владата остануваат Спасовски, Николовски, Мариќиќ, Битиќи, Бочварски и сите кадри на ДУИ, јасно е дека со оваа влада Македонија ќе тоне во агонија уште неколку месеци. Овие луѓе се синоним за неспособност кои беа дел од крими екипата на претходната влада на заевизмот“, додаваат од опозициската партија.

Слични содржини