Ковачевски: Историските прашања не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка

од Nikola Popovski

Премиерот Димитар Ковачевски денеска уште еднаш повтори дека Владата на Република Северна Македонија формално нема добиено француски предлог кој е усогласен на ниво на сите 27 земји-членки.

Тој потенцира дека каков и да биде конечниот усогласен текст на францускиот предлог, за истиот да биде прифатлив за нас, клучни се следниве елементи:

-Чиста формулација за македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет;

-Историските прашања не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка;

-Преговорите помеѓу Северна Македонија и ЕУ мора да почнат пред отпочнувањето на постапката за уставните измени за вклучување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во преамбулата на Уставот;

-Цврсти гаранции и од Бугарија и од Европската Унија дека Бугарија нема да условува со нови барања, надвор од она што ќе биде договорено во преговарачката рамка и билатералниот протокол кој сѐ уште не е усогласен со Бугарија;

-Секое решение ќе треба да е консултирано со институциите на Република Северна Македонија, објави премиерот на социјалните мрежи.

Слични содржини