Ковачевски: Мотото на ЕУ „Еднакви во различностите“ е олицетворено во владините политики

од Берта Китинска

„Доколку погледнеме каде нашата држава се стреми како стратешка ориентација, тоа е НАТО и ЕУ и мотото на ЕУ е ‘Еднакви во различностите’. Тоа значи дека, она за што се застапува ЕУ практично е олицетворено и во наштето уредување, меѓутоа и во начинот на политиката која што оваа Влада заедно со граѓаните ја води во однос на остварувањето на правата на сите граѓани кои што живеат во неа“ изјави премиерот Димитар Ковачевски за МТВ.

Тој додаде дека добрите внатрешни меѓуетнички и меѓурелигиски односи меѓу сите граѓани се предуслов за градење на едно демократско општество и дека ние како држава видовме дека силата е во заедништвото и тоа е единствениот начин за продолжување напред во просперитетна иднина за сите граѓани.

„Нормално дека одлуките кои што ние ги донесовме се со цел да можеме да ги оствариме нашите стратешки интереси беа тешки одлуки: Тие одлуки се одлика на големо лидерство во државата бидејќи сите лидери кои што сакаат да обезбедат просперитетна иднина за своите граѓани мора да носат тешки одлуки, кои што историјата потврдува на крајот дека се добри одлуки“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека благодарение на таквите договори и на внатрешен и на надворешен план сме приемр во светот за дипломатско решавање на спорови со помош на меката сила на дипломатијата.

Слични содржини