Ковачевски: Можеме до 2030 година да станеме членка на ЕУ

од Берта Китинска

„Сметам дека можеме до 2030 година да станеме членка на ЕУ. Ние поседуваме човечки и институционален капацитет што може да го направи тоа во овој временски период. До сега, во времето на оваа Влада имаме хармонизирано 45 проценти од нашето законодавство со законодавството на ЕУ“ рече премиерот Димитар Ковачевски за МТВ.

Тој додаде дека веќе е формирана преговарачката структура во која се вклучени сите ресурси кои државата ги има на располагање, каде што покрај државните институции влегуваат и невладиниот сектор, академската заедница, деловната заедница, како и експерти со големо искуство во делот на преговарањето.

„Главниот хрватски експерт кој што ги водеше преговорите на Република Хрватска за пристапување во ЕУ и кој што беше постојан претставник на Хрватска во ЕУ, сега е ангажиран од наша страна да биде главен советник на нашиот преговарачки тим и на главниот преговарач, вицепремиерот за европски прашања, господинот Маричиќ“ рече Ковачевски.

Слични содржини