Ковачевски: Не е добро прво да се најави штрајк, па да се дојде на разговори

од Nikola Popovski

Премиерот Димитар Ковачевски појасни дека светот и државата се во најголема економска криза после Втората светска војна.

-Таа криза влијае на енергенсите, храната. Стапките на инфлација низ светот се идентитични како кај нас. Како одговорна влада ги презедовме сите мерки, најдобри мерки во регионот, во однос на финансиските трансфери на најранливите граѓани, редовна исплата од Буџетот. Ги замолив сите синдикати минималната плата да не биде причина за почнување на протести. Приватниот сектор ги плаќа платите на сите во јавниот сектор, благодарение на придонесите и даноците. Велам дека сите плати треба да се зголемат, но не може да биде одеднаш. Зборуваме со сите синдикати, рече Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање за најавените протести на неколку синдикални организации.

Според премиерот, не е добро за економско-социјалниот дијалог прво да се најави штрајк, па да се дојде на разговори.

-Верувам дека ќе изнајдеме решение на крајот на денот, потенцира Ковачевски.

Слични содржини