Ковачевски не исклучува актуелни функционери да се најдат на црната листа на САД

од Nikola Popovski

Не е исклучено, вака одговори премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање дали е можно актуелни функционери да се најдат на црната листа на САД.

Ковачевски повтори дека досега немал средба со тимот за санкции од Вашингтон кој што претходно беше присутен во земјава.

-Грковска нема кажано дека има поднесено кривични пријави туку до неа имало пријави кои после таа ги спроведува до надлежните институции, додаде премиерот на денешната прес-конференција во Влада.

Претседателот Стево Пендаровски вчера во гостувањето на „Само интервју“ кажа дека не е исклучено на црната листа на САД да се најдат имиња и на актуелни функционери и кажа дека неодамнешната посета на тричлениот американски тим на земјава била токму заради собирање информации за ажурирање на „листата“, за која очекува да биде објавена во догледно време.

Слични содржини