Ковачевски не сака да ја коментира снимката од Џафери: „Не се гледа кој со кого разговара“

од Берта Китинска

Премиерот Димитар Ковчевски вели дека ја има видено снимката од претседателот на Собранието Талат Џафери, но нема да ја коментира бидејќи не се гледа кој зборува.

-Снимката ја имам видено, но се работи за разговор за кој не се гледа кој со кого разговар и дали лицето со кое се разговара е вработен и затоа не можам да коментирам и да дадам конкретен одговор бидејќи на снимката не се гледа кој со кого зборува , кажа Ковачевски.

Снимката која се појави на социјалните мрежи е извадок од преносот на седницата на Собранискиот канал на МРТВ, а според коментарите на објавите, таа е направена по завршувањето на седницата. Собранискиот спикер веројатно не знаел дека микрофоните и натаму се вклучени и дека преносот сѐ уште трае.

Слични содржини