Ковачевски: Нема опасност од губење на мнозинството во Парламентот

од Берта Китинска

Владината коалиција е стабилна. Нема опасност од губење на мнозинството во Парламентот, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Партиите од власта тврдат дека парламентарното мнозинство е стабилно, а Владата целосно фокусирана на менаџирање на кризата, како и на скрининг процесот на ЕУ, тврдат владејачките партии по превирањата во Демократската унија за интеграција.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, ги нарече лажна вест информациите за негова смена откако 20 сопартици му испратија писмо на лидерот Али Ахмети искажувајжи незадоволство.
Османи кажа дека во партијата има големо ниво на демократија и секој може да го каже својот став, но дека последниот збор го има лидерот.

– Со вчерашната изјава на Ахмети, мислам дека тука е завршена таа приказна, изјави Османи, одговарајќи на новинарско прашање на денешниот брифинг во МНР.

Воедно ставот дека владиното мнозинство е стабило го повтори и потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов.

-Владиното мнозинство е стабилно и коалицијата нема никакви проблеми, истакна Костадинов.

Слични содржини