Ковачевски: Никогаш нема да застанам во одбрана на оние коишто имаат некаква квалификација за одредено дело

од Берта Китинска

Се придржувам до принципот нулта корупција, со оглед на тоа дека корупцијата е најголемиот проблем во било која држава. Таа прво го уништува системот на вредности во една држава и оние коишто се чесни ги прави наивни, а оние коишто се нечесни се сметаат како снаодливи, пишува на својот Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски.

-Јас никогаш нема да застанам во одбрана на оние коишто имаат некаква квалификација за одредено дело. Меѓутоа, исто така, ќе повикам сите институции коишто се задолжени за борба против криминалот и корупцијата и како МВР, Обвинителството и целиот судскиот систем да си го завршат својот дел од работата. Целиот систем мора да функционира, сите да си ја сработат својата работа, да ја зголемат транспарентноста и да ја зголемат ефикасноста во работењето, пишува Ковачевски.

Слични содржини