Ковачевски од Брисел: Итно отворање на преговорите за Северна Македонија

од Nikola Popovski

Премиерот Димитар Ковачевски за време на еднодневната работна посета на Кралството Белгија и ЕУ, во изјава пред средбата со потпретседателот на Европската Комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел ја истакна важноста од интеграцијата на Северна Македонија и Западен Балкан во Европската Унија.

-Вечерва со потпретседателот Борел и другите колеги дискутираме за итни прашања, но и прашања кои се однесуваат на среден и долг рок, прашања кои потекнуваат од кризата и нашата улога кон Русија, а во врска со нејзината инвазија врз Украина.

Поконкретно, за Северна Македонија со потпретседателот Борел ќе дискутираме за потребата од итно отворање на преговорите и одржување на првата меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Северна Македонија, бидејќи проширувањето на ЕУ не е само политички процес, туку во поглед на новиот гео-политички развој, особено поради војната во Украина, веќе станува и безбедносно прашање во регионот на Западен Балкан, изјавил меѓу другото Ковачевски.

Слични содржини