Ковачевски: Партијата е отворена за сите, не поддржувам задкулисни партиски крила и струи

од Берта Китинска

Првите чекори мораме да ги направиме во партијата. СДСМ постои за граѓаните и работи пред се за доброто на општеството и јавниот интерес. Промените почнуваат од секој поединец, а јасно дека е промени мора да правиме, пишува на својот Фејсбу кандидатот за лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски.

-Партијата е отворена за сите, јас сум човек кој не поддржува задкулисни партиски крила и струи, тоа не треба да ни ја одзема енергијата во работењето. Сите имаме иста цел, партијата да ги реализира ветувањата, да работи и го унапредува животот на граѓаните а за тоа мора да сме обединети и многу да работиме. Го истакнувам ова затоа што партијата е организација чие добро функционирање зависи од придонесот на секој член. Само заеднички, организирано и со јасно поделени одговорности и задачи, СДСМ може да биде силна е исполнителна, пишува Ковачевски.

Слични содржини