Ковачевски: Под уцени и притисоци не функционирам, избори ќе има во 2024 година

од Radmila Tasevska

Кога станува збор за преговорите со ЕУ и уставните измени, по вчерашното барање на претседателот на БЕСА, Биљал Касами за предвремени избори, премиерот Ковачевски на денешната прес-конференција, изјави дека под уцени и притисоци не функционира.

„Тие се процеси од стратешко значење и не може да бидат предмет на уцена, тие се за граѓаните. Ќе повторам дека под уцени и притисоци не функционирам. Избори ќе има во 2024 година и тоа е апсолвирано прашање. Прашањето за уставните измени е сериозно и е државничко прашање, значи заокружување на процесот за отварање на кластерите во започнатиот процес на преговори со ЕУ. Во тек е скринигнтот и сега се зависи од нас“, изјави Ковачевски.

Тој повикува на широк општествен и политички консензус за европскиот пат на државата.

„Повикувам на широк општествен и политички консензус за европскиот пат на државата. Во 2024 година ќе имаме нови избори и нема да имаме 120 исти пратеници или министри во Владата. Сите мора да работиме на полноправно членство во ЕУ. Овој процес е почнат и единствено може да биде закочен од партиите кои се противат на тоа како што е партијата Левица и ВМРО – ДПМНЕ “, рече Ковачевски.

 

Слични содржини