Ковачевски: Провокација е што бугарскиот клуб во Битола го носи името на човек од темната страна на историјата

од Nikola Popovski

Не се согласувам со тоа што беше отворен клуб во Битола кој го носи името на Ванчо Михајлов, кој е дел од темната страна на македонската историја. Сметам дека тоа беше провокација од бугарската делегација која дојде и учествуваше на отворањето“ рече премиерот Димитар Ковачевски во емисиајта „Клик плус“ на ТВ21.

Тој додаде дека треба да се отвораат културни клубови во двете држави, бидејќи ние сме народи кои имаат различен идентитет, различен јазик и културно наследство и на тој начин се зајакнува пријателството, но тоа не треба да биде со имиња кои не направиле ништо добро.

„Ние ќе побараме отворање на македонски културен центар во Благоевград, а името на тој центар ќе го избереме во консултација со Националниот институт за историја“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека се сретнал со бугарскиот премиер Кирил Петков во Грција при отворањето на терминалот Александрополис, но немале билатерлна средба за да разговараат за изнаоѓање решение.

Слични содржини